Стил на денот: Ана Ивановиќ ја има една од најскапите чанти во светот

Не секој може да ја има чантата што ја има Ана

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ има интересни модни комбинации, а сите забележаа дека ја има и една од најскапите чанти на светот.

Имено, Ана за попладневна прошетка избра едноставна комбинација, составена од кафен џемпер и тесни црни кожени панталони, надополнета со чизми во иста боја, како и пократко палто во окер боја, но она што привлече големо внимание е нејзината чанта.

Станува збор за чантата на француската модна куќа „Хермес“, познатиот модел „Биркин“, кој е невозможно да се купи туку така.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


За оваа чанта има листа на чекање, а можност да ја купат имаат само избраните.

Цената на оваа популарна чанта варира помеѓу 9.000 и 13.000 долари, а најскапа на сите времиња е „Hermes Himalaya Birkin“, чија цена е неверојатни 500.000 долари.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Извор: telegraf.rs