Стил на денот: Александра Радовиќ во модел на фармерки кој ќе ве освои на прва

Сите позитивно ги изненади со ова модно издание...

Пејачката Александра Радовиќ освен по гласот, позната е и по беспрекорниот стил, па така каде и да се појави, без разлика дали е во прашање нејзин настап или некој јавен настан, го привлекува целото внимание со женствените и отмени комбинации.

Во главно го негува елегантниот и префинет начин на облекување, па често можеме да уживаме во нејзините неверојатни вечерни изданија, но овој пат ги изненади сите со својата „street style“ комбинација, која може да биде фантастична дневна комбинација, но и ултимативно модно издание за вечерна забава.

Имено, за еден настап во Белград облече кратка сива кожена јакна, која веќе со години не излегува од мода и нема уште долго. Ова модно парче, пејачката го искомбинира со фармерки од сив тексас, кои ги воодушевија сите. 

Фармерките имаат огромни џебови на средината на бутовите, кои можат да ја прошират фигурата на сите, но не и на Александра. Под јакната, пејачката носеше бела маица на едно рамо, а целата комбинација ја заокружи со бели високи потпетици со отворена пета и ременчиња.


фото: Принтскрин / Инстаграм