Стил на денот: Aделина Тахири со чанта од 5200 евра

Една од најубавите албански пејачки, која ѝ е позната и на македонската јавност, Аделина Тахири Марков е дама со софистициран стил

Таа секогаш носи внимателно избрани парчиња од светски познати модни куќи и дизајнери.


Така овој пат објави фотографии од елегантен црн комбинезон со гол грб кој е одлично модно парче за топлите летни денови. Меѓутоа во центарот на вниманието беше нејзината Луј Витон чанта со име „Petite Malle“ која на официјаната страница на модната куќа чини цели 5700 долари, односно 5244 евра.