Сопругата на Меси во ретро модел на панталони што го полуде модниот свет: Ќе ви сокријат пет килограми, одат со сѐ

Антонела, сопругата на Лионел Меси се појави во клубот во фантастични панталони кои сокриваат и до пет килограми, а кои се еден од најголемите трендови во сезоната

Антонела привлече посебно внимание поради фантастичниот модел на панталони што ги избра за оваа вечер. Станува збор за ретро модел од деведесетите кој стана еден од најпопуларните во последните месеци, а во овие панталони веќе видовме бројни други познати убавици, како Џенифер Лопез.

View this post on Instagram

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Станува збор за темнозелен карго модел со кој Антонела искомбинира едноставен црн горен дел, а она што е специфично е самиот материјал кој на целиот аутфит му даде белег на гламур.

Поради високиот струк и џебовите на страните, овие панталони го одвлекуваат вниманието од колковите и стомакот и ја прават фигурата послаба, особено ако ги носите со потесна облека во горниот дел. Овој тип карго панталони изгледаат одлично со патики и високи потпетици.

Извор: najzena.alo.rs