Снеже Велков: Никогаш не носам тесен фустан, и се држам до правилото: или голи нозе, или деколте

Снеже Велков вели дека не е фан на мини здолништа, и досега никогаш не облекла тесен фустан. Нашата позната водителка која на социјалните мрежи е мотивација за многу жени, на една забава се појави во интересна модна комбинација, тексас куси панталони, бела кошула и високи потпетици.

- Мини здолниште не ама здолниште панталони да. Кога е во прашање облеката, две работи никогаш не облекувам: тесна мини здолниште и тесен фустан (уз тело). А, исто си го почитувам правилото- или голи нозе или деколте, двете заедно не. А, добра висока штикла секогаш ми е прв избор- ни раскажа Снеже.

Вели дека со годините сфатила дека на прво место место при избор на облека ѝ е секогаш е удобноста, па потоа изгледот.

- Внимавам како ќе се облечам соодветно на пригодата, но никогаш не се водам по трендови, последни моди и слично. На пример, исто сметам дека не ми оди да облечам маица со гол стомак, а не ми иде ниту „oversize“ модата.

Во последно време сум навлечена на костими, одела и елеци. Она- жена во машки стил. И мислам дека тоа е она што ми одговара најмногу. Сексапилот не доаѓа од облеката туку од личноста- вели Снеже.

Нејзиниот најнов ТВ проект е емисијата „Нешто конкретно“, која ја заокружува својата полу сезона оваа недела на „Телма“. Како што вели Снеже, циклусот емисии завршува онака како што доликува, со песна и со ексклузива.

- Ленче и Горан Кукиќ ни ја кренаа на нозе цела екипа, а имавме уште еден повод- Дунавка Трифуновска ексклузивно во емисијата ја открива локацијата и датумот на свадбата со Ване Цветанов.

Последната тема е кој слуша, а кој не дослушува по дома, и колку е важно да се слушаат или не муабетите за партнерот пред брак? И дали послушен маж е исто што и папучар? Кога е добро да се остане глув на коментарите од партнерот, а кога да се реагира? Дали треба да се слуша мајката или жената повеќе? - со радост најави Снеже.

Додава дека во оваа, таа и нејзиниот тим обработиле одлични теми и си ја задржале поентата- да бидат позитивната страна на дебатните емисии.

- Многу хумор, многу досетливи коментари, многу демантирани цитати и многу разбиени табуа имавме во емисијата, но и фантастични заклучоци и одлични размислувања. Ја видовме она поубавата, забавната страна на јавните ликови како доктори, политичари директори од другата страна и многу ми е ќеиф дека во емисија ги имав и новите генерации на млади деца, јутубери, музичари инфлуенсери кои носат една нова енергија и нова мисла.

И навистина се потврди онаа реченица која ја почнавме емисијата: Ќе имаме гости кои имаат што да кажат ама никогаш не биле прашани.

Најчесто обработуваме машко женски теми и дилеми, но чепнавме малку и во политиката и во општествената ситуација. Сè на сè, разработивме теми кои сите ги мачат, а никој не ги става на маса. И драго ми е дека имавме и психолози и лајф коучи кои пак ги разгледаа и ги дискутираа темите стручно. Значи, хумористично сериозен пристап имавме во емисијата за нештата да станат и појасни и полесни

Одиме понатаму, од септември со нови сили и нови теми за пак да има „Нешто конкретно“ за гледање на телевизија- открива Снеже.

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски