Семејна идила: Тони Михајловски со сопругата и синот уживаат во Белград (ФОТО)

Нашиот познат актер Тони Михајловски, изминатиов продолжен викенд реши да го помине со своите најблиски во соседна Србија.

Имено Тони заедно со сопругата Александра и синот Максим заминаа во Белград, каде го прославија големиот празник Велигден.


Од таму споделија неколку преубави фотографии, и открија дека го посетиле храмот „Св.Сава“.


Александра, пред две години на својот профил на Фејсбук си ја отвори душата за борбата со рак, од која излезе како победник.


*Како познатите македонски личности го поминаа Велигден: Кој работно копаше во градина, кој замина на продолжен викенд?