Се породи Адријана Лима: На свет донесе момче на кое му дадоа име по бојата на неговите очи (ФОТО)

Адријана Лима роди момче и му даде необично име. Манекенката објави фотографија од својот син и на тој начин ја сподели својата среќа со сите.

Една од најубавите и најуспешните топ модели во светот, Адријана Лимa, стана мајка по трет пат. Поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ се породила на 28 август.

Оваа вест манекенката ја потврди објавувајќи фотографија од окото на нејзиниот син.

- Cyan (Цијан) е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места за посетување на нашата семејна листа. Цијан е сега нашата омилена боја... бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет Цијан Лима Лемарс – напиша таа.

View this post on Instagram

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)


Адријана има две ќерки од бракот со Марко Јариќ, а ова ѝ е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.

Како што пишува американскиот магазин „Пипл“, познатата Бразилка се породила во раните утрински часови во болница во Санта Моника. Сега е со синот во сопствениот дом и на неа и на бебето им оди одлично.

Во февруари Лима на Тик Ток објави дека го чека своето трето дете, а потоа го откри и полот на детето. Таа ги има ќерките Валентина (12) и Сијена (9) од бракот со Марко Јариќ.

По двете наследнички доаѓа...: Адриана Лима на интересен начин го откри полот на бебето кое го очекува со Андре

извор:GLOSSY

По Ријана и Адријана Лима: Во тоалета со отвор на трудничкиот стомак прошета со вереникот на филмскиот фестивал во Кан (ФОТО)

Без грам шминка, во поодмината бременост и на високи сандали: Адријана Лима пристигна во Европа со саканиот (ФОТО)