„Родив две деца во менопауза и тоа е најдоброто нешто што ми се случи“: Жена забременила на 49 години и докажала дека чудата се случуваат

Кога жената влегува во менопауза, нејзиното тело официјално го завршува репродуктивниот период, а после тоа нема можност да забремени по природен пат.

Сепак, жената може да забремени за време на перименопаузата, односно во периодот што претходи на менопаузата.

Иако бременоста на оваа возраст е тешка и не е вообичаен случај, една жена (53) докажала дека чудата сѐ уште се можни.

Жена која себеси се нарекува „Ем“ откри на социјалните мрежи дека родила ќерка на 49, а уште една на 50.

„Чудата навистина се случуваат. Породувањето за време на менопаузата е најдоброто нешто што ми се случило", напишала таа во видеото на кое ја држи ќерката во раце.

Со своето искуство на многу жени им ја врати вербата и надежта, а сѐ уште често објавува видеа во кои зборува за својата бременост.

@emmoments #momsover50 original sound -

„Се чувствувам толку благословена. И уморна, но толку среќна", рече таа со насмевка.

Според неа, таа ужива во секој момент од мајчинството и се труди што повеќе да биде со своите ќерки.

Нејзините следбеници на социјалните мрежи ја фалат за отвореноста со која зборува за своето искуство, а за своите искуства пишуваат и многу мајки кои се во слична ситуација.

„Имам 52 години и не можам да замислам дека повторно ќе поминам низ тоа, но уживам да бидам баба. Среќно, симпатична си“, гласи еден коментар.

„Имам 43 години и би сакал да имам уште едно дете. Ти ми даваш надеж дека тоа е апсолутно возможно. Среќна сум за тебе", пишува друг.

Фото: Принтскрин/Тик ток
Извор: Zena.blic.rs