Ретко зборува за приватноста: Анастасија се отвори за заедничкиот живот со момчето

Анастасија од неодамна живее во стан на Врачар, наместо во семејниот дом. Пејачката и нејзиното момче Џорџе Куљиќ направиле, како што самата вели, важен чекор по двегодишната врска.

„Бев самостојна и пред да ја променам локацијата на живеење. Мислам дека тоа не донесе никакви енормни проми во мојот живот. Се грижам за себе и имам доволно години да можам да донесам некои одлуки сама, без ничие суфлирање или мешање. Секако и кога се финансиите во прашање“, објаснува Анастасија.

Вели дека не зборувала за емотивниот живот, но дека можела да се сконцентрира на ова прашање како некој нејзин став и да го генерализира. 

- Мислам дека тоа е секако важен чекор во односот на две личности кои се во врска, бидејќи дури тогаш навистина можеш да запознаеш некој кога сте постојано заедно. Па, со самото тоа знаете дали сте еден за друг или не сте. Доколку научите да го прифатите вашиот партнер како личност која покрај многуте добри страни има и мани, тогаш сте подготвени да го креирате животот со неа - вели младата пејачка, ќерка на фолк-ѕвездата Цеца.


Извор: glossy.espreso.rs