Ражнатовиќ го прославија првиот роденден на Крстан: Ваква декорација сте виделе само на филм (ФОТО)

Ражнатовиќ одлучија да го прослават првиот роденден со семејството и пријателите

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана пред една година го добија вториот син Крстан, а по тој повод сега се собраа како семејство во вилата на Богдана во Љутиче за да го прослават овој посебен ден за своето семејство.

Имено, тие решија да го прослават првиот роденден со семејството и пријателите, а на Инстаграм се појави фотографија од декорацијата на која се гледа како изгледа сѐ за прославата на момчето.

Во просторијата за прослави во семејната куќа Ражнатовиќ пристигнаа многу балони со полнети играчки, додека преовладува сината боја, како и многу бели цветови.

И додека семејството ќе се собере по овој повод, тетката на момчето, Анастасија и нејзиниот сопруг Немања Гудељ се спречени да присуствуваат на прославата поради деловни обврски во Милано.

View this post on Instagram

A post shared by (@uvekuzsvetlanu)


Инаку, Светалана Цеца Ражнатовиќ на својот профил му честиташе на својот сакан внук.

- Драг мој Крстане, среќен прв роденден - напиша Цеца и сподели фотографија од внукот и емотикон со срце.


Извор: espreso.rs