Брише години и го враќа сјајот на кожата: Подмладувачка хијалуронска маска за лице - задолжителна во вашата дневна рутина

Трендовите во негата на кожа често се менуваат. Или се појавуваат нови или повторно се враќаат старите, докажани производи и стануваат омилен дел од нашата рутина.

Истражувањата покажуваат дека хијалуронската киселина не е само тренд, напротив е една од најдобрите состојки за нега на кожата  која можете да ја користите. Тоа е една магична компонента која никогаш не изостанува од она што значи хидрирана кожа која му пркоси на стареењето.

Имено едно од револуционерните достигнувања во естетската медицина и дермокозметиката е секако почетокот на употребата на хијалуронска киселина за цели на подмладување. А нејзините бројни придобивки за кожата доведоа до тоа постапката на поставување хијалуронски филери да стане една од најбараните во светот.

Всушност природен, но ефикасен начин за подмладување отсекогаш бил цел кон која треба да се стремиме. Можно е да се задржи свежината и виталноста на кожата, со доволна хидратација, со помош на хијалурон. И како хијалуронот го постигнува сето тоа?

Хијалуронот е природен полисахарид - комплексен шеќер кој се создава во човечкото тело. Во сврзното ткиво, тој е вклучен во составот со еластин и колаген, а во телото на возрасен во просек има околу 15 грама хијалурон - во зглобовите, очите, кожата и 'рскавицата. Кај помладите луѓе, дури 30% од хијалуронот кој се наоѓа во телото е присутен во кожата.

Една од главните улоги на хијалуронот е да ја врзува водата, задржувајќи ја како сунѓер во кожата, со што се обезбедува цврстина во сврзното ткиво и ја прави кожата затегната и мазна.

Веќе по 30-тата година, количината на хијалуронска киселина во кожата почнува да се намалува како резултат на ресорпција, па ја губи хидратацијата и еластичноста. Овој процес може да се забави со помош на производи кои ја заменуваат искористената хијалуронска киселина во ткивото. Оптимално е да се започне со користење кога ќе се појават првите брчки, бидејќи на почетокот полесно се коригираат, што го спречува нивното продлабочување.

И сигурно кога зборуваме за хијалурон, веднаш помислувате на филери, но ние ви откриваме еден поинаков производ кој може да го користите и дома и претставува идеален додаток во вашата рутина за нега на кожа, правејќи ја кожата еластична и хидрирана.

Тоа е течната маска со хијалуронска киселина „Croma Pure HА“ - многу ефикасен метод во борбата против стареењето. Свиленкастата и лесна текстура е погодна за сите типови на кожа и ѝ дава цврстина на кожата, како и ги измазува малите линии. Минималистичката формулација  која содржи фармацевтски состојки со највисок квалитет, цели кон тоа оваа маска да ја направи вашата кожа да се чувствува сјајна и негувана.

Професионална нега за кожа во вашиот дом и хијалуронска киселина без додатоци

Оваа маска со уникатен состав на хијалуронска киселина содржи сè што потребно вашата кожа да остане хирдрирана и блескава и е направена од експертите за хијалуронска киселина.

„Croma Pharma“ е еден од водечките експерти во областа за производство на хијалуронска киселина која создаде чиста хијалуронска киселина, високо концентрирана течна маска за кожа што содржи 1,8 % хијалуронска киселина чија цел е да ја ревитализира и измазни вашата кожа, зголемувајќи ја нејзината природна хидратација.

Тие ја носат хијалуронската киселина со највисок квалитет директно до вашиот дом, сè со цел подобрување на вашата рутина за нега на кожа.

Идеален додаток на вашата рутина нега на кожа

Благодарение на нејзините состојки и лесното нанесување, „Croma pure HA“ помага во длабинско навлажнување на кожата и обновување на физиолошката микро-сфера типична за младешка кожа.

Како правилно да ја користите?

- Нахранете ја вашата кожа со нанесување на 1 „HA“ бустер на вашето исчистено лице 1-2 пати неделно. Исплакнете по 15 минути со млака вода.

Како што напоменавме, хијалуронската киселина има многу позитивни ефекти врз кожата: ја враќа хидратацијата и еластичноста на кожата, го ревитализира епидермисот, правејќи ја кожата да изгледа и да се чувствува помека, ја измазнува кожата и го подобрува изгледот на фини линии и брчки.

Оваа подмладувачка маска за лице со хијалуронска киселина ќе направи да добиете свежина, блескав изглед, но и да се чувствувате и да изгледате убаво и со многу самодоверба.


*пр објава