Прослава во претседателската вила во Скопје за платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабета - здравица за Кралицата

Оваа година се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора, по тој повод вчера Британската амбасада во Скопје беше домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

„Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Таа е и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски. 

Како дел од прославата, Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски за да ги прославиме врските на пријателство, разбирање и почит помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Рејчел Галовеј одржа говор, поздравувајќи ги претседателот, премиерот и заменик-претседателот на собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Северна Македонија. 

Амбасадорката Галовеј рече „Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ“.

Галовеј во својот говор се осврна и на нејзиното заминување:  „За четири недели ќе ја напуштам оваа земја. Ќе ми недостига политиката – работата, можноста да работам во земја која сака и работи за промени, и која ја разбира вредноста на некои работи кои можеби другите ги земаат здраво за готово. Фантастичниот тим на Амбасадата, кој отсекогаш неуморно ме поддржуваше во испорачувањето на резултати за нивната и мојата земја. Но, во еднаква мера, мене и на моето семејство ќе не недостигаат луѓето, планините, тивката гордост и уште многу други работи. Од една страна е работата, а од друга страна живот. Работата беше добра овде, но и животот беше добар. Заминувам знаејќи дека тука се случи промена. Добра промена од која нема враќање назад. И заминувам, но кога ќе се свртам и ќе погледнам преку рамото, знам дека ќе се вратам. Можеби не како дел од мојата работа, туку затоа што не може човек да живее во оваа земја и да не се заљуби.

А сега, во чест на нејзиното Величество, здравица за „Кралицата“.


ГАЛЕРИЈА: