Претажно: Сопругот на убиената наставничка во масакрот во Тексас почина два дена по неа

Сопругот на една од наставничките убиени во пукањето во училиште во Тексас почина два дена по ужасниот масакр во кој ја загуби сопругата.

Џо Гарсија беше во брак со учителката Ирма Гарсија 24 години, а семејството со четири деца беше уништено од масакрот што го изврши Салвадор Рамос.

- Не знам ни како да се чувствувам, не верувам во тоа. Не сакам да верувам дека Џо Гарсија почина - изјави за NBC News внукот на Ирма Гарсија, Џон Мартинез.


Ирма Гарсија и учителката Ева Миралес беа убиени во училиште во Увалде, Тексас, а беа убиени и 19 деца.

Нејзиниот син Кристијан Гарсија изјавил дека полицаецот кој бил на лице место ја видел неговата мајка како ги штити учениците за време на пукањето.


Џо Гарсија отишол да остави цвеќе на споменикот, а набргу потоа починал во својот дом.

-Се врати, не беше дома повеќе од три минути кога седна на столот и после тоа само се преврте. Се обидоа да го оживеат, но не успеа. Дојде брзата помош и ништо не можеа да направат, не можеа да го вратат.


Фото: Твитер/Printscreen Gofundme