Познатите македонски водителки надвор од „теренот“: Вистинската среќата мора да имате со кого да ја споделите

„За да ја откриете вистинската вредност на среќата, мора да имате со кого да ја споделите“, рекол Марк Твен, и навистина имал право.

А среќната жена е и најчесто успешна. Овие македонски дами среќата ја пронајдоа покрај нивните животни сопатници, а енергијата која ја шират преку ТВ екраните само потврдува дека се покрај вистинскиот.

По десет години заеднички живот, презентерката на дневникот на Канал 5 Телевизија, Татјана Стојановска и нејзиниот партнер Михаил Китановски минатата година ја крунисаа нивната љубов со брак.

Водителката на емисијата „Нешто конкретно“ е во среќен брак од 2006 година со нејзиниот сопруг Дарко Велков. Парот ги има синовите Дарин и Ален. Снеже раскажа како се запознала со нејзиниот сопруг – „Ме видел на телевизија, па рекол дека ќе му бидам жена. Најде начин како да дојде во емисијата како мој гостин. Снимавме интервју. Ми донесе чоколадо, се вљубивме“.

Во 2013 година се омажи презентерката на вести на Канал 5 телевизија, Љубица Јаневска Ивановска со нејзиниот тогаш партнер Александар. Парот ја има ќерката Нела.

Водителката на утринската програма на Канал 5, Милена Антовска е во брак од 2017 година со Гордан. Парот има две ќерки, Лана Марија и Јоана.

Поранешната презентерка на вести, а сега водителка на емисија за здравје Билјана Дебарлиева, оваа година ќе слави 30 години брак со нејзиниот сопруг Јован. Парот има две деца, Ана и Мики.

Водителката на утринската програма на Телма Телевизија, Цеце Тодосовска се омажи во 2017 година со сопругот Столе и ги имаат синовите Бодан и Симон.

Презентерката на спортските вести на Телема Телевизија, Јана Серафимова се омажи во 2022 година со сопругот Горан Петровски.

Уште една водотелка од Утринската на Телма, Ивана Илиевска се омажи во 2016 година со нејзиниот сопруг Владимир Мангароски.

Водителките кои имаат партнери и сè уште не се одлучиле да запливаат во брачните води се Ирена Спировска и Јелена Спенџарска, додека водителките кои сè уште имаат статус „сингл“ се Маријана Станојковска и Лила Филиповска.