Повеќе открива отколку што сокрива: Ева Лонгорија заблеска во фустан кој само најхрабрите жени може да го облечат (ФОТО)

Актерката се појави во комбинација која никого не остава рамнодушен...

Актерката Ева Лонгорија се појави на еден од последните настани организирани во рамките на 75. Кански филмски фестивал и блесна во комбинација која никого не можеше да остави рамнодушен.

Многу атрактивно облечена прошета во интересен фустан кој според фотографиите кои ги направија фоторепортерите повеќе открива крие отколку што сокрива .

View this post on Instagram

A post shared by Glampeoplestory (@glampeoplestory)



Имено, нејзината тоалета била дизајнирана да ја истакне нејзината витка линија, односно да ги истакне нозете и деколтето за да дојде до израз сексапилот на популарната актерка.

Големо внимание успеаја да привлечат и нејзините сандали Aquazzura Moon Crystal-Embellished, како и обетките кои ги вклопи заедно со сандалите и кои му дадоа посебна димензија на нејзиниот стајлинг.

Сепак, никој не можеше да го тргне погледот од фризурата и шминката на Ева, кои таа реши да ги носи на свечениот настан. Собраната коса во опционална пунџа и нагласените очи особено го зачинија нејзиниот изглед.

Како ви се допаѓа комбинацијата на Ева?


Насловно фото: Инстаграм