Почина Роберто Кавали- кралот на животинскиот принт

Кавали беше познат по егзотичните животински принтови и по создавањето на изгледот на фармерките со песок. Компанијата што ја основа продава луксузна облека, чанти, чевли и парфеми.

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст, соопшти компанијата.

„Компанијата Роберто Кавали споделува сочувство за семејната загуба на г-дин Кавали“, рече Серхио Ацолари, извршен директор на Роберто Кавали во објава на Инстаграм.

Кавали почина во својот дом во Фиренца, Италија.

Тој беше болен подолго време и неговата здравствена состојба значително се влоши во последните денови, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Кавали беше познат по егзотичните животински принтови и по создавањето на изгледот на фармерките со песок.

Компанијата што ја основал продава луксузна облека, чанти, чевли и парфеми.

„Со голема тага денеска се збогуваме со нашиот основач Роберто Кавали“, објави компанијата на Инстаграм.

„Од скромните почетоци во Фиренца, Роберто успеа да стане глобално признато име сакано и почитувано од сите.

„Природно талентиран и креативен, Роберто веруваше дека секој може да го открие и негува уметникот во себе. Наследството на Роберто Кавали ќе живее преку неговата креативност, неговата љубов кон природата и преку неговото семејство кое го негуваше“.

Тој ги облече најголемите планетарни ѕвезди, имаше контроверзен живот, 40 години помлада партнерка, брак зад себе, деца, замоци, јахти, вили, острови... Неговото богатство се проценува над 500 милиони евра