По две години го слави Велигден со синовите: Тања Савиќ гордо позираше покрај Максим и Ѓорѓе (ФОТО)

Пејачката Тања Савиќ Велигден го прослави со синовите Максим и Ѓорѓе, бидејќи момчињата минатите две години, празникот го поминуваа во Австралија со нивниот татко, Душан Јованчевиќ.

Тања на својот Инстаграм профил сподели фотографии од црква, на која позира со наследниците, а во рацете држат велигденски јајца. 

На масата пред нив се гледа огромна корпа со бојадисани јајца, а делува како пејачката и нејзините синови уживаат поминувајќи го празникот заедно.

„Христос воскресна! Да бидете живи и здрави!“ - порача пејачката покрај фотографијата, а истакна и дека сакала празникот да го помине со синовите.

„Многу сакав овој христијански празник да го поминам со своите деца, затоа што минатите две години не бев со нив. Ова сигурно ќе ми биде еден од најубавите и најзначајните празници во мојот живот, бидејќи ќе бидам со нив“ - кажа Тања за „Блиц“.

View this post on Instagram

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

фото: Принтскрин / Инстаграм