Петел ме бркаше на Хаваите, прстите ми смрзнаа на Аљаска: Патувањата на доктор Кристина Митреска

Жените во Азија трошат најмногу пари на брендирана облека, вели докторката Кристина Митреска (30), која е специјалист радиолог, магистер по здравствен и фармацевтски менаџмент и  поранешен генерален директор на германско-јапонско претставништво за медицинска опрема. 

Прстите на дланките речиси и да ми смрзнаа на популарното возење, мораа да ми донесат специјални греалки за да се намали отокот и црвенилото.- Кристина на Аљаска

Англија, Русија, Португалија, Шпанија, Данска, Италија, Токио, Кјото, Лос Анџелес, Лас Вегас, Хаваи, Мајами, Чикаго, Аљаска, Хонг Конг се дел од дестинациите кои ги посетила, некои приватно, некои службено. Со шарматната докторка отпатувавме на дел ти места, и за секое од нив, таа за Женски магазин сподели интресни сеќавања.

„ Навистина е тешко да се одвои која земја е најубава и кое искуство ми оставило најсилен впечаток. На пример: Најучтив народ ќе сретнете во Португалија, во Јапонија ќе се фасцинирате од стандардот, прецизноста, тишината по улиците на најмилионскиот град во светот Токио, но не барајте љубезност. Во Русија подобро ќе поминете ако зборувате македонски јазик отколку англиски, а во Англија ќе помислите дека “ воопшто не разбирате англиски ”. Во Америка лесно ќе се адаптирате на системот, но и ќе увидите дека половина од денот ви поминал во “behind the line”, ни раскажа др. Митреска. 

Кристина на Хаваите 

Сепак, таа најчесто се сеќавања на патувањето во Аљаска, каде што била во зима, а температурата не се качила над -15 степени. 

„ Бевме добро опремени како да не очекуваат поларни температури до -30. Често ни дофрлуваа по улиците локалните жители и не прашуваа дали доаѓаме од Африка со оглед како сме облечени и спремни за тамошната зима. Бидејќи сум доста зимурлива имав една непријатна ситуација. Прстите на дланките речиси и да ми смрзнаа на популарното возење, односно влечење на санки со хаски, “dog sledding”. Мораа да ми донесат специјални греалки за да се намали отокот и црвенилото на дланките, а потоа и огромни ракавици од бизон за да се задржи температурата на периферијата. Аљаска ќе ја паметам и по најубавата вода од чешма која ја служат со многу мраз и во најниски температури без да се рефлектира на здравјето на човекот“, ни раскажа Кристина.

Хонк Конг 

По нејзин вкус, сепак се потоплите дестинации, а Хаваитре ги нарекува место кое мора да се посети.

„ Уште додека сте во авион ќе ја почувствувате топлината на тамошното домородно население и ќе увидите какво се значение има фамозната изрека АЛОХА. Островот Оаху, каде се наоѓа и главниот град Хонолулу нуди можности за сечиј џеб и вкус, од локални и полноќни забави, до културни манифестации и обреди на домородните племињата на Хаваи и Полинезија. Од прекрасни песочни и рајски плажи, до диви и недопрени и идеални за сурфање. Нема да ја заборавам случката на една од поубавите плажи Turtle beach bay кога одненадеж под лежалка на една девојка која лежеше до мене и излезе петел, најверојатно од ресортот и почна да трча и подлетнува по цела плажа. Бидејќи имам алектерофобија (страв од кокошки и птици) не знам ни сама како се најдов и се качив на масата во барот, а келнерите не можеа да ме смират ни со сто кокосови млека. Си викав, како е можно на една ваква егзотична дестинација да излезе од немај каде петел и тоа на плажа од под лежалка“, се присети доктор Кристина. 

Кристина во Јапонија 

За неа, посетата на историското место Перл Харбор побудила длабоки емоции. Разгледувајќи го музејот, дел од неа мене се вратил назад во времето и историјата, а дел од сфатил колку е всушност далеку од дома. 

Насмевка и денес и изнудува сеќавањето на пристигнувањето во Хонк Конг, а најмногу ќе го памети уште босоногото влегување во Хотел Хајат. 

„ Во Хонг Конг бевме службено од работа во летен период кога е највлажно времето и уште веднаш кога излеговме од аеродром имавме чувство дека се гушиме и не можеме да дишеме од влагата. Наредната вечер имавме важен состанок во „Хајат“, но никако не можевме да најдеме такси, бидејќи во Хонг Конг морате да повикате такси од телефон, а не од улица. Така додека разгледувавме и баравме такси помина речиси цел час, а од влагата и од триењето на стапалата со сандалите за време на пешачењето на мене и на уште една колешка од Русија ни се направија огромни плускавци и не бевме во можност да продолжиме да одиме. Директорот ни предложи да ги соблечеме чевлите и во знак на подршка истото го стори и тој и така сите заедно боси влеговме во хотелот. Умирав од срам и од тоа како ќе не пречекаат и дали воопшто ќе ни дозволат да влеземе, но штом влеговме увидов дека таму воопшто никој не обрнува посебно внимание на гардеробата  и изгледот на гостите. Потоа ни се потврди истото додека го разгледувавме повторно градот, дека човек може буквално да шета без облека и да не биде забележан од никого“, низ насмевка се присети таа. Да не е Скопје, би сакала, вели да живее во Англија, но под услов да не е толку влажно, врнежливо и магловито времето. Интересни, женски приказн , Кристина  носи и од Азија.

Уште додека сте во авион ќе ја почувствувате топлината на тамошното домородно население и ќе увидите какво се значение има фамозната изрека АЛОХА

„ Жените во Азија,и  ззијскиот народ воопшто, троши многу пари на гардероба од високо рангирани брендови, но мене лично не ми оставија некој посебен впечаток, освен дека се тоа на нив е само скапо и брендирано. Мадрид и Дизелдорф ќе ми останат во сеќавање како градови каде посебно средовечното население има одличен вкус и стил за мода, посебно Дизелдорф каде што може да видите возрасни луѓе преку 70 години во Ламбoрџини и црвени дреч фармерки“, се модните впечатоци на нашата соговорничка.

Кристина за крај вели дека во патувањата вреди да се инвестира. Иако посетила многу места, неостварен сон за следна патуваќка авцантира и е Јужноафриканската република, особено Кејп Таун, Јужна Америка и Мјанмар.

Милица Џаровска