Овие панталони мора да ги имате: Совршено ги издолжуваат нозете, симнуваат два конфекциски броеви и Џеј Ло ги обожува

Џенифер Лопез брилира со одличните модни комбинации, дури и кога не е на црвениот тепих во гламурозен фустан.

Неодамна, за ручек со нејзината поќерка, ќерката на нејзиниот сопруг Бен Афлек, 17-годишната Вајолет, смисли шик стајлинг кој го вклучува задолжителното парче облека за ова лето.

Иако има импресивна колекција на летни фустани, овој пат Џеј Ло избра елегантна комбинација која стана хит. Белите панталони се задолжителни за оваа сезона и Џенифер одлично ги усогласи со нејзиниот аутфит. Без разлика дали се фармерки, памучни или светли ленени модели, белите панталони се фантастична модна инвестиција која ќе ве спаси во многу ситуации. Им прилегаат на сите жени, без разлика на типот на телото, ја издолжуваат фигурата и визуелно симнуваат два конфекциски броеви .


Џенифер покажа дека белите панталони можат да бидат разноврсни и женствени. Можете да ги комбинирате со удобна кошула, блуза или топ, а резултатот ќе биде беспрекорен изглед. Покрај тоа, Џенифер ја комплетираше својата комбинација со бели еспадрили и престижната чанта Hermès, која ја спои со чанта Birkin од 21.000 евра.

Нејзината бујна кафена коса со меден тон изгледаше обемна, додека очилата за сонце со метална рамка го комплетираа дневниот изглед.