Не треба да се замоткате во царшав, само затоа што имате повеќе од 50 год.: Најдобрите комбинации со кои ќе покажете дека сте жена со стил

Таа ја најде вистинската мерка за облекување за нејзината возраст, без да влијае на нејзината желба сепак да изгледа многу модерно, привлечно и секси

Жените често сметаат дека одредени парчиња облека не се соодветни за нивната возраст. Секако, има одредена вистина во тоа кога станува збор за некои екстремни примери, но во принцип секое парче облека, со промислен и одмерен стил, може да биде добитна комбинација дури и за дама „во години“.

Секако, тоа не значи дека треба да носите шорцеви кои се веднаш под задникот или хеланките, но не значи и дека треба да се завиткате во чаршаф само затоа што имате повеќе од педесет. Напротив! Вистински пример за тоа како една жена над 50 години треба да се облекува и сепак да изгледа елегантно, урбано, модерно и заводливо е модната инфлуенсерка и жена со стил Сузи Реџиано.

Модните комбинации на оваа жена која на Инстаграм ја следат над 800 илјади луѓе се вистинска инспирација. Таа ја најде вистинската мерка за облекување за нејзината возраст, без тоа да влијае на нејзината желба сепак да изгледа многу модерно, привлечно и секси.

Во нејзиниот стајлинг ќе видите дека светлите бои се многу добредојдени, како и белите парчиња, фармерките, како и големиот накит (кој нормално е „резервиран“ за млади девојки). Се надеваме дека ќе најдете инспирација за себе во малата галерија што ја подготвивме за вас: