Не престанува да се зборува за мачкините очила на Јелена Ѓоковиќ: Ако имате ваков облик на лице, и вам ќе ви стојат перфектно

Одличен стајлинг, па такви се и деталите. Очилата во форма на мачка беа водечки моден додаток на Јелена Ѓоковиќ за време на неодамна одржаниот Вимблдон во Лондон. Ги носеше и за време на финалниот натпревар во неделата кога нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ се бореше за титулата. Тогаш се виде дека ваквиот детаљ одговара на гламурозниот фустан, а ги усоврши и нејзините претходни изданија.

Очилата во форма на мачка што ги носеше Јелена Ѓоковиќ беа моден хит пред неколку децении, имаат посебно ретро чувство, а се во чекор со другите трендови кои се појавија во меѓувреме. Флексибилни се бидејќи повеќе не се резервирани само за елегантна облека, туку можат да се носат и со лежерни изданија.


Најмногу им одговараат на оние кои имаат лице во облик на дијамант, со изразени јагодки и тесна брада. Ова е дури и најретката форма на лице. Рамката во облик на мачкини очи се смета и за храбар моден избор кој дополнително го нагласува обликот на лицето.


Како да изберете очила за сонце според обликот на вашето лице.

Колку се ефективни очилата за сонце на Јелена Ѓоковиќ, говори и фактот што за нив се зборува со денови и што се истакнуваат на речиси секоја нејзина слика од Вимблдон.Ако обликот на вашето лице не е во облик на срце, тоа не значи дека треба да избегнувате очила со мачкини очи, туку се смета дека има подобар избор.


Фото: Инстаграм принтскрин