Насилник од Панчево 15 дена ја малтретирал Нада: Ја врзал за кревет и ѝ истурал киселина во очите

Нада С. најпрвин изјавила дека поради нервно растројство сама си полила киселина во очите, но потоа признала што се случило.

Зоран К.(53) е уапсен откако ја врзал за кревет својата партнерка Нада С.(48) и ѝ полил киселина во очи, како што дознава Телеграф.рс од лице блиско до истрагата за овој случај.
Жената била малтретирана две недели во станот во Панчево каде што престојувал.

- Примена е во Очната болница во Панчево каде сама дошла. Таа прво кажала дека во нервно растројство сама се полила со солна киселина во очите, но потоа признала дека Зоран пред две недели ја поканил во својот стан, а потоа ја врзал за креветот. Ѝ ги врзал рацете и нозете, а потоа ѝ полил солна киселина во очите - пренесуваат српските медиуми.

Несреќната жена тогаш рекла дека се плаши од Зоран и затоа прво не сакала да каже дека ја повредил.

- Викаше на мене. Ми кажа дека ќе ги убие моите ќерки и мене. Многу се плашев од него - рекла несреќната жена.
Зоран К. ја возел Нада до Очната клиника, а потоа дошол до станот во кој живеат нејзините ќерки.

-Тука тропна на вратата, викаше, викаше да отворат, дека ќе ги убие - рекле првите соседи.

Полицијата интервенирала и тој бил уапсен во локалниот хостел.

Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со Полициската управа Панчево му одреди мерка притвор во траење од 48 часа. Тој се товари за основано сомнение дека сторил кривични дела лесна телесна повреда, изложување на опасност и противправно лишување од слобода, соопшти Основното јавно обвинителство.

З.К. ќе биде приведен и сослушан кај дежурниот заменик на ОЈО Панчево.

извор:telegraf.rs