Најубавиот синоок затвореник има живот како филм: Од момче кое го прекршувало законот на секој чекор, се претвори во најбараниот модел

Приказната на Џереми Микс изгледа како филмско сценарио кое е спој од повеќе жанрови!

Имено, животот на „најпосакуваниот затвореник“, како што го нарекува светската јавност, целосно се промени во моментот кога тој помислил дека му дошол крајот. Токму благодарение на фотографијата во моментот на неговото апсење, која се прошири во јавноста, тој стана меѓународна ѕвезда, а потоа му се отворија многу врати.

фото:Profimedia

Соноокиот убавец е роден со завист од хероин, бидејќи и двајцата негови родители користеле наркотици. Покрај тоа, тие често биле осудувани за разни злодела.

- И двајцата мои родители беа наркомани. Се родив зависник од хероин затоа што мајка ми земала хероин кога била бремена со мене. Моето детство беше многу темно. Татко ми ја уби Лаура, пријателката на мајка ми, кога имав девет месеци. Ја избодел 36 пати, додека нејзиниот син спиел во соседната соба, се присетува Микс.

Татко му отиде во затвор за тој грозоморен чин во 1984 година, а Микс порасна со мајката Кејти во ужасни услови. Сето тоа го навело да тргне по погрешен пат.

- Растењето во таква средина беше многу тешко. На мајка ми ѝ вбризгував хероин кога бев момче и ја штитев од партнери кои ја навредуваа. Морав брзо да пораснам, да почнам да работам и да носам пари за да имаме што да јадеме - вели поранешниот затвореник.

На само петнаесет години решил да го напушти семејниот дом, а неговата куќа станала улица. Истата година бил застрелан пет пати, а Џереми преживеал од чиста среќа. Поради бројните прекршоци набрзо завршил во воспитно-поправен дом од каде го спасила постарата сестра и легално го посвоила.

Меѓутоа, Микс продолжил да ограбува, бил член на улична банда, се занимавал со наркотици, фалсификувал документи и бегал од полицијата. Меѓутоа, апсењето кое се случи во 2014 година поради неовластено поседување оружје ги промени работите засекогаш, а неговиот живот го претвори во бајка.

Фотографијата од полициската станица стана вирална, а моќта на интернетот повторно се покажа на дело, кое пак го претвори Џереми во сензација.

фото:Profimedia

- Единствено што ме спаси беше судијата кој потоа ми ја намали казната од 6 години на 27 месеци. Ми рече да ја искористам можноста што ми се укажа. Тој ми помогна на толку многу начини - искрен беше Џереми.

Тој за миг стана неверојатно популарен, а околу него почнаа да се собираат најголемите модни куќи. Тој стана заштитно лице на бројни луксузни брендови, отворајќи ревии на модните недели. Вратите на шоу-бизнисот му се отворија додека беше во затвор.


Интересот растеше со брзина на светлината од ден на ден, а деловните понуди постојано доаѓаа. Од момче кое го прекршувало законот на секој чекор, се претвори во најбараниот модел.

Аферата со Клои

Врската меѓу богатата британска наследничка Клои Грин и Џереми Микс привлече големо внимание во јавноста. Ја изневери сопругата со Клои Грин пред целиот свет, што беше огромен скандал со оглед на тоа дека е оженет и има син. Откако се дозна дека неговата нова девојка е бремена, медиумите почнаа да ја предвидуваат нивната венчавка.

Но, неговата љубов кон Клои ги надмина сите препреки, па убавецот ја остави сопругата. Двојката беше заедно до минатата година, добија и дете, но набрзо по раѓањето на детето ја прекинаа романсата, наводно поради нејзината прељуба.

Џереми денес најмногу ѝ е посветен на својата актерска кариера, а неговото згодно тело, сините очи и полните усни сè уште се воодушевување за жените ширум светот. Последната објава на неговиот Инстаграм профил предизвика голема врева кај дамите.


Имено, Микс објави видео од теретана во кое позира без кошула. Секој мускул на телото доаѓа до израз, па прашање на денови е кога ќе стане холивудска ѕвезда од А-листата.




фото:Profimedia


фото:Profimedia

извор:stil.kurir