Најниската жена во светот престана да расте на 5 години и достигна висина од 63 цм: Многумина ја исмеваа, а денес кога ќе ја видат црвенеат од срам

Според Гинисовата книга на рекорди, Џиоти Амге е најниската жена на светот. За неа се пишува со години, но каде е денес уникатната храбра девојка?

Џиоти Агме има 29 години, оваа славна Индијка со години напорно работеше на својата актерска кариера и покрај предрасудите на луѓето ги постигна своите животни амбиции.


Родена е на 16 декември 1993 година во Махараштра, Индија. Нејзината мајка тврди дека таа била со нормална големина при раѓањето и во раните детски години. Таа престанала да расте на петгодишна возраст, но продолжила да посетува редовно училиште.

Нејзината големина не ја гледала како пречка, благодарение на непоколебливата поддршка од нејзиното семејство. Секогаш кога се заедно, нејзиното семејство обично ја носи за да може да го види светот од нивна гледна точка. Нејзината сестра и беше голема помош за време на студиите кои Џиоти успешно ги завршила.



„Кога не беше вака позната, луѓето ја задеваа и ја исмејуваа, тогаш беше многу депресивна“, рекол нејзиниот татко.

На почетокот лекарите мислеле дека причината за висината на оваа девојка е недостатокот на хормон за раст. Подоцна било утврдено дека нејзината состојба е предизвикана од ахондроплазија, форма на џуџест раст, пишува „Брајт Сајд“.



Кога наполнила 18 години, Гинисовата книга на рекорди ја прогласила за најниска жена на светот, поради што се чувствувала „посебна, важна и сакана“.



Џиоти Амге е многу популарна актерка во родната Индија, а станува се поуспешна и во Холивуд!

Само напред, храбра Џиоти Агме!


Фото: Инстаграм Screenshot