На 6 месеци го земале од сиропиталиште, никогаш не го сретнал татко му: Шокантна животна приказна на омилениот актер кој ненадејно почина

Американскиот актер Реј Лиота (68) почина во сон во Доминиканската Република на снимањето на филмот „Опасни води“. Лиота зад себе ги остави ќерката Карсен и вереницата Џеси Нитоло со која наскоро требаше да се ожени.

Лиота е роден во Њу Џерси на 18 ноември 1954 година, но бил посвоен на шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште.

Тој подоцна за Esquire изјави: „Бев посвоен, така што навистина не знам кој сум. Мајка ми и татко ми ги сметам за Италијани и Шкоти. Ја најдов мојата родена мајка и таа рече дека е мешавина од нешто, а кога прашав што е татко ми, таа не сакаше ни да зборува за тоа. Како никогаш да не се случило“.

View this post on Instagram

A post shared by Ray Liotta (@rayliotta)


По тешкото детство, Лиота заплови во актерството, а набрзо ја запозна својата колешка Мишел Грејс, со која се ожени.

Во февруари 1997 година, актерот се ожени со актерката и колешка Мишел Грејс. Двајцата се запознале на бејзбол натпревар на поранешниот сопруг на Мишел. Нивниот брак не траеше долго, па се разведоа во 2004 година. Од бракот со Мишел, Лиота ја има ќерката Карсен (23).

Анеговата свршеница Нитоло има четири деца, пишува „NJ.com“.

Реј и Џеси се верија во 2020 година и се чинеше дека не брзаат да одат до олтарот.

View this post on Instagram

A post shared by Ray Liotta (@rayliotta)


Лиота неодамна беше фотографиран со неговата 20 години помлада свршеница Нитоло на улиците на Лос Анџелес.

Парот се шеташе држејќи се за рака, а во таа прилика размениле неколку бакнежи, а не обрнале внимание на љубопитните погледи и камерите.

Последниве години не се зборуваше толку за кариерата на актерот, туку за неговото затегнато лице - бидејќи се предозирал со ботокс и лифтинг, иако упорно негираше дека некогаш направил нешто, пишуваа странските медиуми. .

Инаку, Реј е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „Good Guys“, а го видовме и во популарната серија „Shades of Blue“ со Џенифер Лопез.


Фото: Инстаграм