Моден двобој: Сопругата на Претседателот или сопругата на Премиерот на Македонија?

Би било крајно непрофесионално да се каже дека немаат стил, кога и двете имаат. Настрана од се останато, овде зборуваме за двете дами и нивниот моден избор. До сега се покажа дека токму тие некако најмногу оставиле стилски впечаток од “Први или втори“ дами на Македонија. За класа повисоко од сите претходни. И тоа е за почит. 

Затоа што тие не претставуваат пред светот, се сретнуваат со кралици, кралеви, благородници, претседатели, високи профили на личности од различни свери. Секако, тука се и нашите настани на кои се појавуваат, а имаме реномирани манифестации на кои и со облеката треба да се оддаде почит. 

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска е олицетворение на врвна софистицираност. 

Иако во неколку наврати има исткнато дека не сака да се зборува за нејзиниот стил туку за целиот оној ангажман кој го има зад себе како дел од нејзината „функција“, сепак стилот зборува преку неа. 

Многу луцидно ги бира креациите и никогаш не претерува. 

Се е во тон, се е класика и минималистичка доза, а сепак делува впечатливо. 

Тоа воопшто не е лесна задача.

Знае да вметне и одредени детали, но никако нападни.

Претежно носи фустани кои соодејствуваат со нејзината тенка фигура.

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот во последно време имавме можност да ја видиме на повеќе јавни настани, овде и во светот. Таа одржа час по елеганција, надополнета со доза на беспрекорни модни линии.

Одлично ѝ стојат здолништата со А крој

Исто како и фустаните кои ја следат линијата на телото и имаат благи набори.

Изборот се сведува на една или две бои кои се вешто комбинирани.

Дури и здолништата со принт ѝ прилегаат одлично.