Миди кимоно фустан - за изглед на вистинска Божица: Нина Бадриќ го маѓепса регионот со парче од 30 евра (ФОТО)

Моќното издание на убавата Нина уште еднаш предизвика бура на Хвар, но и на социјалните мрежи

Пејачката Нина Бадриќ е една од оние пејачки кои со години градат блескава кариера, без никакви скандали. Освен одличното пеење, многумина ја сакаат затоа што е отворена, искрена и ништо не крие од јавноста.

Нејзиниот профил на Инстаграм е еден од оние кои жените често ги посетуваат за да добијат инспирација за некој нов стајлинг, бидејќи пејачката има префинет моден вкус, на кој навистина е тешко да се одолее.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


Иако е една од најжешките на сцената, Нина никогаш не претерувала, нејзините аутфити се такви што ја разгоруваат фантазијата, но не се покажуваат премногу.

На фотографијата која овој пат ја прикажа на социјалните мрежи никој не остана рамнодушен. Нина позираше во прекрасен миди кимоно фустан, кој ја истакна нејзината витка линија и направи да изгледа впечатливо.

Пребарувајќи на Интернет, го најдовме ова совршено летно парче од познат светски бренд по намалена цена од 30 евра, што е нешто повеќе од 1800 денари.

Пејачката го искомбинира прекрасни рамни кожени влечки „Hermès“, кои со години се „must have“ за летната сезона.

Извор: glossy.espreso.co.rs