Ми се намерачи сериозна болест: Драган Б. Костиќ си ја отвори душата

Драган Б. Костиќ со емотивен статус им ги честита празниците на своите следбеници на социјалните мрежи. Легендарниот радио и ТВ-водител им призна на фановите дека периодов се соочил со сериозна здравствена состојба.

- Секогаш верував дека растојанието од појдовната до крајната точка е некаде запишано. Надевајки се дека растојанието од почетокот до крајот е што е можно подолго. Со убедување дека точката во моето име е секогаш ознака, не за крај, туку нов почеток. Ја имав среќата деновиве да биде така. Ми се намерачи сериозна болест која се закануваше точката да го означи крајот.. - пишува, меѓу другото, Костиќ.

Во статусот им упатува јавни благодарност на повеќе доктори и на персоналот на кардиологија на државната клиника, но и на најблиските пријатели и семејството, кои, како што пишува, дури биле и позагрижени од него поради сериозноста на посочениот проблем.

- Далеку, сѐ уште од некаква крајно решена состојба, благодарен за можноста да го пишувам ова со насмевка, среќен што можам на сите добронамерни да им ја честитам Новата година и Божиќ и им посакам здравје и потоа секаква друга благосостојба, од срце го правам тоа - вели Костиќ.