Ми кажаа дека морам да ослабам ако сакам да останам по трет пат трудна: Сека Алексиќ на строга диета поради ин витрото

Пејачката Сека Алексиќ во последните месеци успеа да ослабе, а една од причините, како што сега откри, е ин витро оплодувањето.

Сека Алексиќ е горда мајка на два сина Јаков и Јован кои ги доби преку ин витро, а сега наесен се подготвува повторно да влезе во овој процес бидејќи и таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљиќиќ сакаат трето дете.

Сепак, докторот ја советувал претходно да се ослободи од вишокот килограми.

„Се подготвувам за ин витро, а докторот ми рече „штом си се здебелила знаеш дека треба да ослабеш ако планираш да забремениш“, па полека се подготвувам. Ќе видиме што ќе се случи во септември“, изјави пејачката за Story.

View this post on Instagram

A post shared by Najčitaniji celebrity magazin (@story.srbija)


Сека во последните месеци ослабела 10 килограми.

Диетата е многу едноставна, условно кажано ја дупнав лажицата. Поточно ништо не јадев. Вељко се понуди да ми подготвува здрави оброци, но јас му реков 'не'. Јас сум човек кој ако проба нешто што му се допаѓа не може застанете на само неколку парчиња, па решив оваа диета да биде радикална. Јадев јаболка, супи, потаж“, изјави Сека.

Таа неодамна откри дека би сакала да има ќерка по двата сина, но дека не размислува многу за полот на бебето.

- Секако би сакала да имам ќерка. Од септември повторно ќе почнам со процес на ин витро, не размислувам за полот на детето. Другарките ми велат дека треба да имам ќерка, татковците сакаат ќерки - изјави пејачката пред неколку дена.

Да потсетиме, Сека го роди најстариот син Јаков во 2016 година, а помалиот син Јован во 2020 година.

Извор:Lepa&Srećna


Вечно ќе му е благодарна на еден светец: Сека Алексиќ раскажа како успеала да забремени и да стане мајка по седумгодишна борба за потомство