Меган Маркл во огнено црвен комплет за првпат им се обрати на британците, две години по „Мегзит“: Тие броеја - „54 пати рече јас, јас, јас“

Сите ѝ се смеат „54 пати рече јас, јас, јас“

Меган Маркл синоќа се појави во Манчестер за да го отвори самитот „Еден млад свет“ и тоа беше првпат да им се обрати на Британците по Мегзит. Сепак, таа беше критикувана дека во својот говор се фокусира исклучиво на себе.

Британија броеше - Меган Маркл во својот синоќешен говор 54 пати кажа „Јас, јас, јас“! Тоа беше првпат по Мегзит војвотката од Сасекс да ѝ се обрати на јавноста во Обединетото Кралство.

View this post on Instagram

A post shared by RRF (@realroyalfacts)


Облечена во црвено од глава до пети, Меган самоуверено ја започна својата презентација велејќи: „Одлично е што се вратив во Велика Британија...“ Насмеаниот принц Хари гледаше од публиката, кој на моменти „се нервираше“ и се виде дека е видно вознемирен..

фото:profimedia

Причината за неговата вознемиреност е можеби тоа што е далеку од помирување со семејството, но и поради постерите кои ги окарактеризираа него и Меган како „лажна кралска двојка“.

фото:profimedia

Британците очигледно не заборавија, но ниту му простија за Мегзит. бидејќи денес нивните портали се преполни со теми со кои ја анализираат секоја реченица и гест на поранешната актерка.

фото:profimedia

„Иако говорот требаше да биде за родовата еднаквост, Меган пред 2.000 луѓе зборуваше само за Хари и моментот кој ѝ го „промени животот“ - кога стана мајка“, пренесува Дејли Мејл. Меган се обидела да се поврзе со младите учесници велејќи им дека мораат „да го зграпчат моментот“ и дека таа како нив бил „девојката од Одел“ која на крајот била „поканета да седне на масата со моќните лидери“.

За тоа време јавноста внимателно го следеше секој нејзин гест, но и пресмета колку војвотката потрошила за облека.

фото:profimedia

Според пресметките, Меган била „умерена“, па нејзиниот стајлинг чинеше вака: цената на блузата што ја носела е 1.400 евра, додека панталоните се нешто поевтини, па за нив треба да потрошите околу 1.300 евра.

Меган носеше облека во впечатлива црвена боја. Станува збор за креација на модната куќа „Валентино“, истиот модел на кошула во различна боја го носеше и при претходни јавни настапи. Зад нејзините сандали стои брендот „AQUAZZURA“.

извор:stil.kurir