Маж ми е убав како турски глумец: Водителката Елена го покажа сопругот

Водителката Елена Стојановска на својот Инстаграм профил објави фотографија од својот сопруг и интересна објава под фотографијата. „Кога маж ти е убав како турски глумец“, напиша Елена.

Водителката на Утринската програма на Тв „Сител“, „Ја сакам Македонија“ минатиот месец со емотивен статус ѝ посака среќен роденден на ќерката Ина. 

„Љубов моја најголема. Денес е твој ден. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе, среќен 7. роденден. Секој ден те сакам сѐ повеќе“, изјави Елена. 

Таа важи за една од најубавите наши Тв водителки и омиелена кај колегите, а на социјалните мрежи ретко споделува семејни моменти.