Љубовната приказна на Шакира и Пике: Тоа се вика судбина

Шакира Изабел Мебарак Рипол, колумбиска пејачка, текстописец, продуцент, актерка и танчерка, која е позната по својата способност да меша различни елементи во нејзината музика. 

Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Герард Пике, се заедно скоро 10 години.
Започнаа да се забавуваат во 2010 година, откако се сретнаа на снимањето на нејзиниот спот „Wака wака“.

Тие се родители и на два сина, Милан, 6 и Саша, 4.

За Шакира и Пике луѓето велат дека нивната врска била судбина. Зошто? Тие го делат истиот роденден, 2-ри февруари, иако со 10 години разлика; Шакира има 42, а Пике 32 години.

Тие имаат тенденција да ја чуваат врската приватна. Но, во интервју за Ел во 2013 година, пејачката се отвори за тоа како средбата со Пике и ја врати вербата.

"Мислам дека, ако можеш да го докажеш постоењето на Бог, тоа може да се докаже само преку љубов. Дури и ја изгубив вербата некое време. Станував агностик", рече таа. „И тоа беше навистина тешко, бидејќи јас секогаш бев многу религиозна, и неколку години - не чувствував љубов, па почнав да мислам дека нема Бог, и одеднаш го сретнав Герард и моето сонце огреа“.

За Светскиот куп на ФИФА 2010 година, Шакира ја објави официјалната песна „Wака wака (овој пат за Африка)“, таа всушност тогаш првпат се сретна со Пике додека го снимаше својот спот. Ако го погледнете видеото, ќе забележите дека тој е една од фудбалските sвезди во спотот.

Неодамна, Шакира откри дека всушност не била љубител на фудбалот се додека не го запознала Пике:
-Не знаев кој е тој. Но, кога го видов видеото "Wака wака", јас бев како „Хм. Кој е тој? Симпатичен е", и тогаш некој реши да нè запознае".

„Сè започна кога бевме во Јужна Африка и и' пишав. Таа веќе беше таму затоа што пееше на церемонијата на отворање и ја прашав какво е времето. Тоа е типично глупаво прашање, а нормално јас покасував да ми каже да и донесам јакна“, изјави тој за ТВ3 во 2016 година.
„Но, таа започна да ми кажува какво е времето, па и' реков дека со мојот клуб ќе мораме да стигнеме до финалето на Светското првенство за да ја видам повторно - таа пееше на финалето “.

Пике и неговиот тим, Барселона на крајот го освоија Светскиот куп истата година.

Една од првите фотографии од двојката заедно беше од нејзиниот концерт во мај 2011 година во Барселона, Шпанија, каде тој излезе на сцената со неа. Подоцна двајцата беа видени како се бакнуваат зад сцената, што дополнително докажа дека се пар.

Покрај нивната долгогодишна заедничка врска, бракот сепак ја плаши. "Не сакам да ме гледа како сопруга. Повеќе сакам тој да ме гледа како негова девојка", рече таа смеејќи се.

Шакира ја издаде песната „Me Enamoré“ / „Се заљубив“ за Пике. 


Брзи факти за Шакира:

Во 1991 година, Шакира го издаде својот деби албум „Магија“, кој беше епски неуспех, продавајќи 1.200 примероци ширум светот.
Во 1993 година, таа го издаде својот втор албум „Пелигро“. Исто како Магија, Пелигро не постигна комерцијален успех и покрај тоа што беше добро прифатен од колумбиската музичка публика.Музичката кариера на Шакира започна да блеска после 1995 година.

Од 1 август 2020 година, Шакира има нето вредност од 400 милиони долари. Таа заработи огромен дел од своето богатство од продажба на албуми, продукција на плочи, глума и други потфати.

Шакира важи за една од најуспешните пејачки во светот на сите времиња. До денес, таа има продадено над 125 милиони синглови и албуми ширум светот. Нејзините најуспешни глобални песни вклучуваат La Tortura, Beautiful Liar, Hips Don’t Lie, Waka Waka (Овој пат за Африка), Chantaje и Loca.

Сопругот на Шакира, фудбалерот Герард Пике, е богат околу 40 милиони долари.

Животни лекции од Шакира:

1. Никогаш не е прерано да се започне
Шакира ја започна својата музичка кариера на 10 години. Тоа само докажува дека никогаш не е рано да започнете да ги бркате вашите соништа.

2. Сите сме надарени во една област и ограничени во друга област
Шакира може да биде успешна пејачка и танчерка, но не е без ограничувања. На училиште, често ја исфрлувале од час заради хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД).

3. Никогаш не се предавајте
Сепак, секој неуспех и даваше поголем поттик да се труди повеќе, а останатото е историја.

Познати цитати од Шакира:

„Претпочитам грда вистина пред убава лага.“

„Ако можете да го докажете постоењето на Бог, тоа може да се докаже само преку љубов.“

„Нема подобра шминка од самодовербата.“

„Не можете да постигнете ништо во животот без мала количина жртва“.