К**тони, заради таквивте како вас жените се жртви на насилство, а и децата: Јелена Карлеуша овој пат „распали“ на најјако

Откако татко на едно од загинатите деца во масакрот кој се случи на 3ти мај во српското училиште, беше на една спрска емисија, а паралелно со него на сосема друга програма беше пејачката Јелена Карлеуша, на социјалните мрежи се појави фотографија која длабоко ја потресе. Таа како никогаш до сега „рспали“ по оние кои ја објавиле фотографијата на која пишува „БИРАЈ“.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)


Дали сте нормални? Дали во оваа масовна хистерија го дозволивте ова? К**ри да бираат помеѓу татко кој изгубил дете и мајка која има живи деца? Што да одбере? Што мислевте со ова? Јас сум лоша затоа што повикувам на мир и детето ми е живо? Помеѓу две политички емисии каде една срамно ја користи несреќата на еден родител за гледаност и политички поени? И другата каде „омразениот“ Пинк ја има за гостин една мајка која има живо дете и повикува на мир, и го обединува народот кој јасно нагласува дека трагедијата не смее да биде политичко профитерство? Што да се одбира? Г**ата по кој знае кој пат испливаа на површина кога на Србија и е тешко! Убаво реков дека родителите на загинатите деца не треба да се користат во политички цели! Не треба да одат во емисии! Не сега! Оља Бечковиќ срам да ти биде! Да правиш бедна гледаност на маката и солзите на овој човек? Срам да ви биде на сите вас кои сметате дека треба да се одбира помеѓу два родители! Се срамам од земјата во која живеам од вас! Кои сте бре вие да ми кажете што јас смеам и кои сте вие да кажете што е добро а што не?! Другите јавни личности можат на сите телевизии а Карлеуша ќе ја линчувате? Кои сте вие да ми го одземате правото а се борите за наводно некакви човечки права?  Го покажавте пеколното лице! Вие кои наводно се борите против насилство а линчувате една жена? К**тони едни обични! Поради таквите како вас жените се жртви на насиство во Србија. Вака се борите против Вучиќ? Па со ова како р**арди штотуку го направивте она за што него го обвинувате! Ова е таа Србија која ја сакате? Србија во која се напаѓаат луѓе кои кажуваат што мислат? Па оваа Србија допрва би настрадала со вас! Линчување, навреди, напад, хистерија, блокирање на меѓународен пат, сексуална деградација и понижување на една жена во средина на вашата акција „Стоп за насилството“? Секогаш сте ми ставале мета на чело ни крива ни должна но сега е доста! Багро!


Фото: JelenaKarleusa/Instagram