Клучен период за зачнување бебе: Научниците откриваат кога да имате односи

Едно ново истражување им понуди на паровите совети за тоа кога да имаат односи за да зачнат бебе...

Паровите кои се обидуваат да забременат по природен пат треба почесто да имаат секс за време на овулацијата, велат научниците.

Имено, едно ново истражување од болницата во Шангај им понуди одлични совети на сите парови кои се обидуваат да добијат бебе.

Врз основа на истражувањето, откриено е дека спермата три часа откако мажот ја достигнал кулминацијата била посилна од онаа во првиот круг. Во исто време сперматозоидите пливаат побрзо и има поголеми шанси за оплодување на јајце клетката поради огромниот број на протеини во спермата, пренесува Daily Mail.

Употребата на сперма која настанала помалку од 180 минути откако мажот го доживеал последниот оргазам, ја зголемува стапката на успех на ин витро оплодување за една третина.

Д-р Да Ли, кој ги водел истражувачките проекти, вели дека е погрешно мислењето дека на мажите им требаат помеѓу 24 и 36 часа за да ја надополнат својата сперма по ејакулацијата.

„Пред неколку години, на мажите обично им се советуваше да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите да ја забременат својата партнерка“, изјави таа за Mirror.

„Сега е време за промена на правилата. Нашите податоци покажуваат дека паровите со релативно нормални параметри треба да имаат често односи во периодот на овулација.