Како жените некогаш се справувале со менструацијата?

Се разбира, менструалниот циклус не е ништо ново. Сепак, современите средства кон кои прибегнуваме се релативно нови. Па, како се снаоѓале жените од минатото без хигиенски влошки и тампони? Денес баравме одговор на ова прашање.

Прво, собирањето информации за оваа тема е практично невозможно, бидејќи е особено незгодно, срамно, па дури и одбивно (вклучително и во денешно време). Не ни помага ниту фикцијата од 19 век, дури ни делата кои во себе имаат најмногу реализам. Исто така, не најдовме ништо во постоечките женски дневници и мемоари, веројатно затоа што нивните автори сметале дека не е соодветно да ги загрижуваат нивните наследници со ова.

Овој месечен „феномен“ ја разбудил љубопитноста на мажите во викторијанската ера, кои пак го доживувале како нешто мистично, па дури и ненормално. Се правеле обиди да се истражи и да се најдат начини за негово лекување. Во принцип, нема многу информации на оваа тема, но никој не се обидува да ги собере.

Еден од ретките извори што споменуваат нешто за менструацијата се медицинските публикации. Причината е што во втората половина на 19 век, сè повеќе жени почнале да студираат на медицинските универзитети и да стануваат доктори, а знаењето од областа на женската анатомија се развивало како никогаш досега. Во предметните научни трудови, жените најмногу ги опишуваат сопствените искуства.

Интересен факт е дека за време на викторијанската ера никој не носел долна облека (таква каква што носиме денес). Жените носеле нешто како 3/4 памучни панталони со голема дупка за да не мораат да ги соблекуваат кога одат во тоалет:



Е сега, штом немале парче ткаенина околу бедрата, како ја запирале менструацијата?

За таа цел се користени специјални „ремени“ од ткаенина, кои потсетуваат на модерни хигиенски влошки.

Ова секако не е најпрактичното решение, бидејќи е тешко да се облече, потребно е постојано да се менува и мие, да се чека да се исуши. Одењето во тоалет секако не била најлесната работа на светот, бидејќи долната облека со големата дупка не можела да се користи, а фустаните во тоа време биле предизвик сами по себе.

Некои жени користеле парче памучна ткаенина или овча волна на начинот на кој се користат модерните тампони. А, среќните жени кои не ги мачеле особено силни менструални симптоми, не презеле никакви мерки и едноставно ги трпеле околностите.

Необичен факт е дека, според медицинските написи, жените не требало да работат или да вршат физичка активност за време на менструацијата. Во суштина, само требало да лежат на каучот цел ден и да чекаат да заврши агонијата. Меѓутоа, во реалноста, ниту една жена не може да си дозволи (или сака) да го пропушти денот на работа, да ја чисти куќата, да шета во градината итн?

Па, како поминувале дамите во таа страшна недела кога ниту медицината ниту општеството не било на нивна страна? А, само затоа што мажите мислеле дека имаат мистериозна болест и дека не треба да станат од кревет, не значи дека жените морало да слушаат.


Фото: pinterest

Фото насловна: Youtube -screenshoot