Јована Јеремиќ позираше како од мајка родена: Едвај ја скри интимата, фотографиите предизвикаа вистинска бура од коментари


Јована е позната по своите предизвикувачки изданија

Водителката Јована Јеремиќ често го привлекува вниманието на јавноста со смелите стајлинзи, а минатата година пред празниците позираше како од мајка родена.

Имено, Јована позираше целосно гола, додека интимните делови од телото ги покри со кутии за подароци. Оваа нејзина фотографија предизвика вистинска бура и лавина од коментари на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


- Драги пријатели, решив на мој начин да ви ја честитам оваа година! Посебно. Ова е пред сè мојата порака до лажните моралисти од социјалните мрежи кои и оваа година како и секоја година беа закопчани до грло, но голи и празни во душата и срцето. Треба да имаш капацитет за љубов и да не бидеш егоист – изјави на почетокот Јована.

- Ова е порака до сите оние кои го кријат својот живот затоа што е распарчен, мртов, камуфлиран со маската што ја носат и зад која се кријат, затоа што ако се нудеа како што јас ви се нудам секој викенд, никој не би ги посакал, додаде тогаш таа.

- Ви посакувам да имате добар однос со себе, бидејќи односите со другите се последица на нашиот однос со самите себе. Љуби, бидејќи без емоции нема живот, да заработиш доволно пари за да живееш во изобилство, безгрижно. Ви посакувам да ја почувствувате среќата и да живеете со неа во душата. Зрачи само исконски среќен човек. Затоа, не поставувајте го прашањето како таа/тој, а не јас … Како што зрачите, така и привлекувате, заклучи Јеремиќ.


Фото:Инстаграм