„Ја сака толку што пред него да се соблече и Летиција Каста нема да се сврти“: Мајката на Макрон прозборе за снаата Брижит

Брижит Макрон е позната по својата улога на сопруга која му дава огромна поддршка на својот сопруг, а покрај тоа, кога е во прашање нивниот приватен живот, таа е задолжена за одржување блиски односи во семејството и нејзиното пријателство со мајката на францускиот претседател-Франсоа Ногес, често се зборува.

Односот меѓу свекрва и снаа не е секогаш баш најсветол, а сосема е сигурно дека на Емануел Макрон му беше тешко во еден момент од животот, бидејќи врската помеѓу неговата сопруга и неговата мајка беше прилично комплицирана. А за тоа зборуваше авторот Гаел Шакалоф во нова книга.

View this post on Instagram

A post shared by Gael Tchakaloff (@gael_tchakaloff)



Со години се зборува дека свекрвата и снаата немаат добри односи, но Франсоа се обиде јавно да го прикрие тоа велејќи дека првата дама не ја смета за убавица, но затоа ѝ е пријателка која никогаш ја немала, велејќи како имаат исти афинитети и приоритети, но и дека и се доверуваат една на друга.

Сепак, и требаа години да сфати дека токму Брижит е љубовта на животот на нејзиниот син.

На почетокот на нивната врска, Франсоа постојано ја предупредуваше Бриџит да се држи настрана од нејзиниот син, нагласувајќи ја 23-годишната разлика меѓу нив:

„Не разбираш, веќе го имаш својот живот, а тој не сака деца... ти забранувам да го гледаш до неговата осумнаесета година“, се зборовите што таа наводно и ги кажала на снаата пред многу години, а кои ги напишала во книгата за Емануел Макрон новинарката Ен Фулда.



На сето тоа Брижит наводно ѝ одговорила дека не може ништо да и вети. Свесна дека апсолутно ништо не може да направи, Франсоа му се доверила на Гаел Шакалоф.

„Го познавам Ману и знам како е кога ќе се запне за нешто...а таа не сака да си замине...“

Врската и љубовта на Емануел и Брижит Макрон е нешто со кое Франсоа на крајот мораше да се помири, свесна дека нејзиниот син никогаш нема да ја остави 23-години постарата учителка. Сепак, не може да се каже дека не пробала апсолутно сè.

Иако тврди дека тоа не е вистина, гласините биле јасни и гласни - за да го оддалечи од Брижит, последната година од неговото школување, мајката на Емануел го испратила во Париз.

Авторката на книгата наводно рекла дека морала да направи такво нешто, за да се обиде да го спаси. Сепак, и покрај годината што ја поминал во Париз, по враќањето дома ѝ кажал на мајка си дека сè уште ја сака Брижит.

Неговиот ентузијазам за неговата сопруга најдобро го опиша новинарката Ен Фулда:

„За неговото обожавање на Брижит доволно зборува и тоа дека пред него би можела да се соблече и Летиција Коса а нему тоа ништо не би му значело. Љубовта меѓу Емануел и Брижит е нераскинлива“.

Во секој случај, денес, Брижит е таа која се грижи за односот помеѓу нејзиниот сопруг и неговото семејство па ги кани на празнични ручеци и вечери, семејни дружења, но и свечени церемонии во Елисејската палата.

Судејќи по се, мајката на Емануе го прифатила фактот дека тој ја сака Брижит и дека нема ништо лошо во тоа.


Foto:Profimedia