Ја прашавме вештачката интелигенција како би изгледала Каролина ако е русокоса: Феноменално, а погледнете ги и другите наши познати (ФОТО)

Нереалните фотографии, видеа и аудиоматеријали се сеприсутни поради порастот и злоупотребата на алатките за вештачка интелигенција, но технологијата денес оди толку напред што не може ни да се сопре.

Таквата содржина често изгледа толку реално, што на англиски се нарекува и „дипфејк“, односно длабоко лажна содржина во буквален превод, сè потешко ни е да разликуваме вистинска содржина и содржина создадена од вештачка интелигенција. Сепак и не е сè толку црно, доколку истата се користи за забава. Она што е интересно овој тренд не ги заобиколи ниту познатите. Многу од нив поседуваат фотографии како би изгледале кога би имале друг стил на облекување, друга форма на телото, боја на косата …

Овој пат поп принцезата Каролина Гочева ја земавме како рол модел. Сите знаеме како изгледа, а ретко и кога се осмелила да направи драстична промена на себе сите овие години кариера, особено кога е бојата на косата во прашање. Па сакајќи да видиме како би изгледала доколку ја промени бојата на косата, се послуживме со „моќта“ на вештачката интелигенција и ја прашавме, како би изгледала Каролина доколку е русокоса. Веруваме дека би сакале да дознаете и вие, а ние само ќе кажеме – изгледа феноменално! 

А, еве ги и другите наши познати личности кои навистина изгледаат волшебно. Некои во Дизни ликови, некои како принцези, невести... 


Калиопи

Дани Димитровска

Лила Филиповска

Елена Ристеска

Антониа Гиговска

Тамара Тодевска

Р.Ж.М