Инфлуенсерка ги разоткри манекенките кои објавуваат нереални фотографии од телото: Трикови кои може да ги „украдете“ (ФОТО)

Инфлуенсерка објавува вистински фотографии на својот профил, откривајќи како моделите и блогерите имаат совршени слики на Инстаграм

Инфлуенсерката Џорџи Кларк редовно на својот Инстаграм ги споделува тајните кои манекенките ги користат за да ја добијат најдобрата фотографија на која изгледаат совршено - без вишок килограми и целулит.

Оваа ѕвезда на социјалните мрежи е позната по откривањето на тајните на „совршените“ фотографии кои секојдневно ги споделуваат модните инфлуенсери, но и многу, и познати и помалку познати дами на социјалните мрежи. Џорџи, која има преку 600.000 следбеници на Инстаграм, одлучи да ги сподели тајните кои ќе направат вашите фотографии да изгледаат автентично, а сепак совршено.

Имено, таа на својот Инстаграм објави две компаративни фотографии на кои илустрира како правилно да седи. Фотографијата лево покажува, всушност, како треба да седите за да добиете што подобар, предизвикувачки изглед и затегнат стомак со прекрасни облини.

На фотографијата од десната страна можете да видите опуштено издание и „нормално седење“, но ваквото опуштено тело не ја покажува вашата најдобра верзија.



„Дали некогаш сте се запрашале како овие инфлуенсери секогаш добиваат совршени фотографии во седечка положба во рестораните? Па, на оваа фотографија буквално се е на позиција. Во одреден момент, секој инфлуенсер учи да позира вака бидејќи не можете да ја имате секоја фотографија на која тој стои“, објаснила таа.



Седењето се „учи“, како и позирањето, вели оваа инфлуенсерка.

„За почеток, забележете колку е незгодно да се седи така во реалниот живот. Ако го споредите тоа со фотографијата од десната страна, како седат нормални луѓе, навистина не е реално да седите така. Сепак, седењето е една од најтешките пози“, изјавила Џорџи.

Што е потребно за да се постигнат овие пози?

Седнете на самиот раб на столчето, префрлете се на страна, малку прекрстете ги нозете, потпрете ги рацете на другата страна од столот и полека истегнете го телото нагоре. Кога ќе го постигнете тоа, обидете се да ги истегнете стомачните мускули и да се преправате дека правите нешто со другата рака, како на пример кренете ја, истегнете ја или пак свиткајте ја кон главата.



„Мислам дека многу луѓе кои следат инфлуенсери не сфаќаат дека инфлуенсерите всушност седат многу чудно за да изгледаат добро и елегантно на фотографијата. 

„Овие трикови можат да помогнат вашите фотографии да изгледаат многу подобро, но запомнете - тоа не е реален живот“, рекла Џорџи.


Фото: Инстаграм