Има над 360 хируршки зафати за убавина: Сфатив, ама доцна, изгледам како да сум доживеала мозочен удар

Актерката имаше над 360 козметички процедури и се заколна дека повеќе никогаш нема да оди под нож. Сепак, толку многу естетски зафати оставиле големи последици и сега таа треба да оди на ботокс двапати годишно - со цел да спречи неконтролирано да истекува плунка од устата.

Алиша Дувал (43), поранешна манекенка и актерка и мајка на две деца, плаќа висока цена за нејзината зависност од операциите. Таа веќе нема контрола над мускулите на лицето, а за време на карантинот и експлодираа имплантите на градите.

- Дури сега сфаќам дека операцијата не значи дека сте поправиле нешто и тоа е тоа. Не, има проблеми и мора постојано да ги решавате - вели таа.

- На пример, мускулот од едната страна на моето лице веќе не работи воопшто. Тие отсекоа добар дел од тој мускул кога правев операција и сега треба да одам на ботокс на секои шест месеци. Инаку, неконтролирано плукам и тој дел од лицето ми се опушта, па изгледам како да имав мозочен удар - вели таа.

Алиша имала 18 интервенции на градите, 11 интервенции на носот, дури и ги отстранила ребрата, а има и импланти во задникот. Козметичките „полесни“ процедури дури и не се бројат.

Таа вели дека сакала да ги прекине интервенциите во 2011 година, кога ја роди ќерката Папаја.

- Неодамна погледнав слики од Кети Прајс и што си направи на себе. Ја разбирам, таа сè уште е во таа индустрија од која излегов. Сепак, сите стигнавме до точката кога треба да прифатиме дека старееме и дека веќе не можеме да бидеме гламурозни модели. Еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека имате 43, а не 23 и ќе мора да го прифатите тоа - вели Алиша.

Извор: Република