Има ли поголем шмекер од него: Жените кои сметаат дека имаат вишок килограми треба да слушнат што има да каже Џорџ Клуни

Може ли Џорџ Клуни да биде поголем шмекер? Може да!

Мажите како него се толку ретки што речиси секоја негова реченица може да се стави во книга за бонтон, а потоа да се чита истата пред спиење. Тогаш можеби овој свет би бил поубаво место, а жените би се чувствувале многу поудобно во сопствената кожа.

Џулијана Вилан ја сподели со јавноста емпатијата што ја изрази Клуни со сите нејзини колешки и разбирањето за притисокот за изгледот под кој се наоѓаат актерките за да дојдат до посакуваната улога.
Таа на Твитер објасни една случк за време на снимањето на серијата „ER“, во која Клуни ја имаше главната улога.

„Почнуваме со снимање, ги правиме последните подготовки, а потоа слушнав како некој тивко му вели на Џорџ: „Слушна ли што ѝ кажаа на Џулија?“ (се мисли на продуцентите)

Клуни: „Дали ѝ рекоа дека мора да ослабне?“

„Да“.

Клуни: „Дали им кажа да одат по ѓаволите?“

„Да."

Клуни: „Добро им кажала!“

- Тогаш се заљубив во него. Секогаш кога во текот на кариерата ми кажуваа дека морам да ослабам, го слушав гласот на Џорџ: „Кажи им да одат по ѓаволите“, напиша таа на својот Твитер профил.

Вилан рече и дека стандардите на Холивуд за женското тело биле уште побрутални во текот на 1990-тите, бидејќи не биле прифатени различностите во изгледот на жените, како што е случај денес, пишува Cure.ba.