ХОРОР СЕ СЛУЧИЛ ВО КИЧЕВО - татко ја претепал својата двегодишна ќерка, пред неколку дена девојчето починало

Вистински хорор се случувал кон крајот на минатата година во Кичево. Или поточно, на 18 декември лани татко ја претепал својата двегодишна ќерка, која по околу три недели лекување, починла, односно лекарите не можеле да се изборат за нејзиниот живот. 

„На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од СВР Охрид. 

Извор: faktor.mk