Хана се буди во прегратките на тато: Преслатка прва фотка од актерот Висар Вишка со новородената ќеркичка (ФОТО)

Пред десетина дена актерот Висар Вишка објави дека станал татко по втор пат.

Во мај годинава со партнерката објавија дека очекуваат девојче, а на 25-ти август со фотографија од нив две, актерот објави дека станале родители на Хана Вишка.

Ќерката го доби името Хана, име кое има арапско потекло и значи: „разбирлива, искусна паметна жена“, а сега ја објави првата фотка од малата принцеза која се буди во прегратките на тато.

фото:instagram

„Хана Вишка, родена на 24.08.2022 година, 12:50 часот во Белград. Моите две девојки на мојот живот“ - напиша актерот кога ја објави веста за породувањето на сопругата.

View this post on Instagram

A post shared by Visar Vishka (@visarvishka)

Инаку Висар го има синот Дион од претходниот брак.