Фризура која додава години: Експертите се согласуваат - треба да ја избегнете во секоја пригода

Познат фризер ги советува жените над 40 години да ја избегнуваат оваа фризура.

Со цел да изгледаат помлади отколку што се, многу дами редовно се негуваат, користат правилна шминка, пијат доволно вода, вежбаат, а одењето кај естетски хирург обично е опција што се разгледува на крај.

Фризурата е исто така важен фактор. Често мислиме дека за помлад изглед клучно е да се сокријат побелените седи влакна, па редовно ја фарбаме косата, но познатите фризери тврдат дека фризурата е исто така многу важна, особено за дамите кои достигнале некои сериозни години.

Фризерите Дени Еверсон, Ганима Абдула и Хамис Маиуф предупредуваат на фризурата која додава години и тврдат дека прави да изгледаме многу постари.

View this post on Instagram

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)


Фризура со премногу слоеви

Жените често се водени од идејата дека слоевите додаваат волумен на нивната коса, но експертите советуваат да не паѓаат во оваа замка. Не само што вашата коса ќе изгледа потенко, туку и премногу слоеви ќе „додадат“ години на вашето лице.

Наместо тоа, тие препорачуваат рамномерно исечена коса со шишки или фризура која има повеќе волумен на страните отколку на врвот.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs