(ФОТО) Одамна си забранив било какво планирање: Васко од К-15 ужива со сопругата во Австралија

Васко Тодоров, популарниот Тошо Малерот од серијалот „К 15“, ужива со семејството во Австралија каде што се пресели пред неколку години. 

Семејна фотографија објави неговата избраничка Марија Христова со која стапи во брак во 2015 година.

Тодоров живее во Мелбурн. „Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто излегувало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците“, изјави Тодоров во едно интервју запрашан дали планира да се врати во Македонија.