(ФОТО) Модерни и сложни: Војвотките Кејт и Меган во топла прегратка

Кејт Мидлтон и Меган Маркл вчера присуствуваа на служба по повод Денот на Комонвелтот во Вестминистерската опатија.

Војвотките срдечно се поздравија со бакнежи и цело време се смешкаа една на друга.

Меган и принцот Хари стигнаа меѓу првите гости, а војвотката од Саксес за оваа свечена пригода облече бела комбинација комплетно потпишана од Викторија Бекам.

Оваа комбинација не помина незабележано во британските медиуми, со оглед на тоа дека цената на целиот комплет е 9000 фунти, а Меган нешто порано истиот ден се појави во комбинација за која се проценува дека чини исто толку. Што значи таа во еден ден потрошила 18000 фунти само на гардероба.

Од другата страна, Кејт Мидлтон изгледаше како вистинска дама во веќе носен капут и фустан со потпис на Кетрин Вокер. 

Оваа комбинација веќе имавме прилика да ја видиме во текот на посетата на Нов Зеланд во 2014-та година.

По поздравувањето со сите, кралските двојки си разменија уште еден пријателски поздрав пред да седнат на своите места, со што на сите сакаа да им дадат со знаење дека со нивниот однос се е во најдобар ред.