(ФОТО) Елена Ристеска со нов имиџ во Германија

Елена Ристеска вели дека е среќна по нејзиниот концертен настап во Берлин. По теркот на светските музички ѕвезди, Елена во Германија замина со својот стилист, Даниел Николовски и објави фотографија на својот Инстаграм профил. 

Со појака шминка од онаа на која што сме навикнале да ја гледаме и со посветла боја на коса, Елена изгледа одлично. Изгледот на Елена позитивно го искоментираа нејзините фанови и пријатели.