Феноменална есенска комбинација за жени над 50 која ќе ги направи 20 години помлади: А, евтиното парче кое изгледот го крева на повисоко ниво

Ако некој знае како да создаде неверојатни модни комбинации со помош на парчиња по пристапни цени во комбинација со дизајнерска облека, тогаш тоа е иконата на шпанскиот стил Кармен Химено. Седокосата блогерка од шпанскиот град Билбао многупати досега докажала дека добриот стил воопшто не зависи од возраста, па не е чудно што нејзиниот Инстаграм профил е омилена дестинација за љубителите на модата, без разлика дали имаат 20 или 50 години.

Покрај тоа, оваа модна икона со лудо добро чувство за стил е многу рационална бидејќи во нејзината гардероба можете да забележите парчиња од достапни продавници како Mango, H&M, Zara...

Кармен е голем љубител на комбинации кои вклучуваат патики и фустани или здолништа, а таквите стилови одлично ѝ прилегаат.

И овој пат на Инстаграм покажа кул комбинација која ги вклучува популарните патики Адидас Самба, кои сакаат да ги носат многу познати жени како Ирина Шајк, Сиена Милер, Џенифер Лоренс, Кејти Холмс, Ники Хилтон.



Кармен многу стилски ги искомбинира црните патики со црно миди здолниште со шлиц и уште едно есенско парче, практичен и удобен кардиган со потпис на омилената Зара.

Стајлингот кој брише години за миг го заокружи со моќната кафеава чанта на Гучи и нејзините омилени модни додатоци - црвениот кармин и очилата за сонце во ретро стил.

View this post on Instagram

A post shared by Carmen Gimeno (@carmen_gimeno)



Погледнете уште неколку комбинации од познатата Кармен.


ФОТО: Инстаграм