Евтина состојка од кујната е клуч за здрава коса која не се мрси: Трихолозите и фризерите тврдат дека треба да ја миете косата со ова

Ако ги следите велнес трендовите, веројатно веќе знаете дека јаболковиот оцет е одличен за подобро функционирање на цревата и побрз метаболизам. Но, дали знаевте дека јаболковиот оцет има своја примена и во негата на косата? Фризерите и трихолозите се согласуваат дека оваа напивка има бројни придобивки за вашата коса; ja прави здравa и сјајна и ја враќа рамнотежата на иритираниот скалп.

Дерматологот Мариса Гарсик додава дека јаболков оцет за коса не треба да го користат жените со чувствителна кожа и оние кои имаат некои рани на главата.

„Јаболковиот оцет има толку многу придобивки - многу повеќе отколку што мислиме. антибактериски и антигабични својства“, вели фризерката на славните Клајд Хејгуд.

Големиот плус е тоа што јаболковиот оцет ги отстранува нечистотиите и акумулацијата на производите и ја остава вашата коса многу чиста и сјајна, без да ја остава косата без есенцијалните природни масла.

„Додавањето производ со пониска pH вредност, како што е јаболков оцет на скалпот, може да помогне во тонирање на скалпот, што значи дека помага да се одржи соодветната pH вредност на скалпот“ објаснува Адам Бенет, трихолог од Лондон.

Покрај сето горенаведено, јаболковиот оцет го смирува чешањето на скалпот, ја намалува појавата на првут и ја прави косата побавно мрсна. Исто така, може да ја измазне и заштити косата, да го намали разлетувањето, да ја направи посјајна и да и помогне полесно да се чешла и со помалку заплеткување.

Иако сите освен дамите со сува коса можат да користат јаболков оцет, тој им дава најдобри резултати на жените кои имаат тенка, млитава и безживотна коса која има тенденција да стане мрсна. 

„Овој тип на коса има најголема корист од јаболковиот оцет бидејќи помага да се ослободите од маснотиите и насобирањето, давајќи волумен на косата и благо подигнување“, објаснува Хејгуд.

Како да користите јаболков оцет за нега на коса?

Важно е да знаете дека јаболков оцет не треба да се нанесува директно на косата или скалпот. „Може да предизвика иритација бидејќи е кисел и силен. Најдобро е да користите производи кои веќе го имаат во нив; втријте шампон од јаболков оцет така што ќе го масирате во влажна коса две минути за навистина да ги впие состојките. Потоа исплакнете темелно и за за максимални резултати, користете и регенератор со јаболков оцет“, вели Хејгуд.

Косата можете да ја миете и два пати месечно со јаболков оцет како посебен третман, а еве како да го направите тоа.

Во 230 милилитри вода растворете две до три лажици јаболков оцет. Откако ќе ја измиете косата со шампон и регенератор, истурете ја смесата врз косата и измасирајте ја во скалпот. Оставете го да делува неколку минути и потоа исплакнете го со ладна вода.


фото: фрипик