Емина купи стан, а прв нејзин сосед ѝ е Мустафа Сандал: Сè блеска од луксуз - пејачката не штедеше пари

Погледот на Босфорот го одзема здивот, а пејачката се погрижила за секој детаљ

Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал си најде нов дом во Истанбул каде живее со синовите Јаман и Јавуз, а при уредувањето имала многу идеи и ништо не препуштала на случајноста.

Домот на Емина Јаховиќ и нејзините синови се наоѓа во населбата каде што тие првично живееле, за децата што почесто да го гледаат својот татко.

Поранешниот сопруг на Емина е во брак со две децении помладата Мелис Сутсуруп. Емина не се огласи во оваа прилика, а изгледа и двајцата продолжија со животот во различни правци.

Нејзиниот дом во кој се вселила по завршувањето на љубовната врска со пејачот со кој имаше два сина е олицетворение на префинетост, а Емина внимателно го избирала секој детаљ за да си обезбеди пријатен простор за уживање за себе и на своите наследници.

Емина често на социјалните мрежи објавува фотографии од својот дом, а судејќи по нив може да се заклучи дека нејзиниот нов стан е уреден во минималистички и модернистички стил. Доминираат крем тонови и бели бои кои го прават целиот простор да изгледа елегантно, а исто така е полн со светлина.


Иако пејачката претходно живеела со сега веќе бившиот сопруг Мустафа Сандал во вила вредна повеќе од 700.000 евра, не и пречело да се пресели во помал простор, наместо тоа максимално го искористила кога станува збор за уредувањето. Огледала со златни рамки, мермерни ѕидови, застаклена градина - ова се само дел од многуте внимателно уредени катчиња во домот на Емина Јаховиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)


Трпезаријата со неутрален тон е првото нешто што ви паѓа во очи, а се чини дека пејачката ужива да го поминува времето во ова релаксирачко катче.

Сепак, најубавото катче секако е терасата со поглед на Босфор, каде Емина веројатно го пие утринското кафе и се подготвува за претстојните обврски додека глетката на морето и носи мир.


Фото: Инстаграм